Рецепти
Бели пралини Ана Ѓорова

Неодоливи колачи со бело чоколадо и кокос што ќе ви станат омилени

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер во прав(200 Грама)

Масло(2 Супени лажици)

Бело чоколадо(100 Грама)

Лешник(50 Грама)

Млеко(50 Милилитри)

Кокос(100 Грама)

Мелени бисквити(100 Грама)

Маргарин(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Белото чоколадо се топи на пареа со 2 лажици масло.
  2. Во силиконските калапчиња за колачи се нанесува тенок слој растопено бело чоколадо со четкичка.
  3. Потоа калапчето се става во фрижидер да се стврдне чоколадото.
  4. Во тенџере на оган се топи маргаринот, се трга од оган откако ќе се растопи и се додава шеќерот во прав.
  5. Се остава сосема малку да се излади, па се додава млекото и непрекинато мешајќи се додаваат кокосот и мелените бисквити.
  6. Калапчињата со чоколадото се вадат од фрижидер, се зема од смесата со кокос и бисквити и се полнат до половина.
  7. Потоа се става по 1 лешник и повторно се покрива со смеса од кокос и бисквити.
  8. Одозгора се премачкува со бело чоколадо и повторно се става во фрижидер да се стегне пред послужување.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: