Рецепти
Чоколаден колач со круши Ана Ѓорова

Одлична идеја за како да ги искористите свежите круши во вкусен рецепт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(200 Грама)

Јајце(2 )

Млеко(200 Милилитри)

Ванила стапче(1 )

Шеќер(200 Грама)

Брашно(250 Грама)

Прашок за печиво(10 Грама)

Круша(700 Грама)

Мед(50 Грама)

Какао(25 Грама)

Црно чоколадо(150 Грама)

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Чоколадото исечкајте го со нож и стопете го во сад на пареа.
  2. Брашното просејте го и измешајте го со какаото и со печивото.
  3. Во друг сад измешајте го омекнатиот путер исечен на коцки (пред подготовка извадете го од фрижидер за да омекне), шеќерот, медот и семките од ванилата (исечете ја на половина и извадете ѝ ги семките). Матете со миксер додека добиете пенаста смеса.
  4. Додавајте ги во садот јајцата едно по едно и продолжете да матите со миксерот. Постепено додавајте ги и растопеното чоколадо и смесата со брашното и матете додека добиете хомогена смеса.
  5. Претурете мал дел од добиената смеса во соодветен калап со намастена хартија за печење. Врз смесата распоредете ги лупените крушки и претурете ја останатата смеса. Крушите треба да бидат целосно прекриени со смесата.
  6. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 75 минути.
  7. Оставете го колачот да се олади, а потоа наросете шеќер во прав и исечете го по желба.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: