Рецепти
Чоколаден колач со лешници Ана Ѓорова

Лесен колач што може да го послужите за гостите со кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(240 Грама)

Шеќер во прав(250 Грама)

Путер(200 Грама)

Лешник(150 Грама)

Какао(30 Грама)

Црно чоколадо(150 Грама)

Мед(2 Супени лажици)

Јајце(4 )

Рум(1 Супена лажица)

Сол(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Со миксер пенасто изматете ги шеќерот во прав со прстофат сол и путерот (претходно оставен на собна температура да омекне).
  2. Во смесата додавајте ги и жолчките, па мешајте со дрвена лажица и додавајте ги и брашното измешано со какаото, чоколадото искршено на парчиња, лешниците крупно исечени, румот, медот и белките (претходно изматени со миксер во цврст снег).
  3. Така подготвената смеса претурете ја во намастено и набрашнето тавче и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
  4. На половина од печењето, покријте го колачот со алуминиумска фолија да не загоре одозгора, па продолжете да печете.
  5. Пред сервирање, оставете го колачот да се олади, па послужете го со шеќер во прав, сладолед или овошје.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: