Рецепти
Чоколаден колач со ореви Ана Ѓорова

Десерт за вистинско уживање

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер во прав(150 грама (за кора) )

Јајце(2 (за кора) )

Вода(5 лажици (за кора) )

Сол(малку (за кора) )

Брашно(100 грама (за кора) )

Мелени ореви(50 грама (за кора) )

Прашок за печиво(1 (за кора) )

Млеко(4 дл (за фил) )

Брашно(4 лажици (за фил) )

Маргарин(170 грама (за фил) )

Мелени ореви(120 грама (за фил) )

Ванилин шеќер(1 (за фил) )

Црно чоколадо(100 грама (за чоколадна глазура) )

Шеќер во прав(3 лажици (за чоколадна глазура) )

Свинска маст(1 лажици (за чоколадна глазура) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Жолчките изматете ги со шеќер во прав убаво со миксер. Потоа додајте ги водата, брашното, печивото и мелените ореви, па промешајте.
  2. Белките изматете ги во цврст шлаг, додајте ја солта, па соединете ги со претходната смеса.
  3. Тестото печете го во плех обложен со хартија за печење.
  4. Загрејте го млекото и додавајте го брашното со непрекинато матење со жица додека се згусне.
  5. Кремот оставете го да се излади.
  6. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав и со ванилата, па соединете го со изладениот крем. Додајте ги оревите.
  7. Премачкајте го колачот со филот.
  8. Загрејте ја маста, додајте искршено чоколадо и шеќер во прав, па растопете ги на тивко во тенџере и прелијте го колачот. Може и да го исечете на коцки, па потоа коцките да ги прелиете со глазура.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: