Рецепти
Чорба од крап Ана Ѓорова

Вкусна рибја чорба со зеленчук што мора да ја испробате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Морков(2 )

Крап(500 Грама)

Брашно(1 Супена лажица)

Кромид(1 Главица)

Лук(4 Чешниња)

Зелена пиперка(2 )

Магдонос

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во тенџере со вода на оган ставете ја рибата и посолете. Додајте ги и исечканите пиперки, моркови и кромид и варете 45 минути.
  2. Сварената риба извадете ја од тенџерето, отстранете ѝ ги кожата и коските, а месото иситнете го со виљушка.
  3. Преостанатата содржина исцедете ја и течноста вратете ја во тенџерето на оган.
  4. Зеленчукот измиксајте го во блендер и додајте го во теенџерето со течноста.
  5. Во друго тенџере на оган со загреано масло пропржете го исечканиот лук, додајте го брашното и промешајте.
  6. Парчињата крап додајте ги во тенџерето со чорбата и промешајте.
  7. Откако брашното ќе добие златнорумена боја, запршката додајте ја во чорбата.
  8. Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во тенџерето, варете уште кратко, па послужете ја чорбата веднаш, наросена со црн пипер.
Баклава со јаболки
Лут зелник
Расолница
Колач со рогач
Лепчиња со лук и магдонос
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Мариниран ослиќ (посно)
Салата со компири и туна
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Салата со урда и праз
Тава со карфиол и месо
Таан баклава
Печен ролат од свинско каре
Чорба од крап
Јагнешка чорба
Боранија со пилешко месо
Чорба од грав и чадена сланина
Крем бомбици
Гужвана баклава
Крем салата од пиперки и модри патлиџани
Зимница од везени пиперки
Јагнешко со бамји
Свечена слоевита салата
Шербет пита со јаболки
Бајадера со костени
Пита со фил од компир (посно)
Тава ориз на кочански начин
Телешка чорба

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: