Рецепти
Чорба од компир и карфиол Ана Ѓорова

Одлична, зачинета чорбичка за загревање во студените денови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Карфиол(750 Грама)

Компир(750 Грама)

Лук(3 Чешниња)

Сол(по вкус )

Бибер(околу 1 лажичка или повеќе по вкус )

Ѓумбир(околу 1 лажичка )

Масло(1 и пол лажица )

Вода(1 Литар)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Карфиолот иситнете го, а компирите излупете ги и исечкајте ги на мали коцки.
  2. Потоа додајте ги во тенџере на оган со 1 и пол лажица масло и сечканиот лук.
  3. Мешајте додека малку да се запржат. Зачинете со сол, бибер и ѓумбир во прав (околу 1 лажичка).
  4. Откако ќе се запржат, додајте 1 л вода во тенџерето и покријте со капак, па варете ги зеленчуците околу 30-тина минути или додека убаво омекнат и се сварат.
  5. Потоа тргнете го тенџерето од оган и содржината во него изблендирајте ја со рачен миксер да добиете пасирана чорба.
  6. Чорбата вратете ја на оган уште 5 минути, зачинете уште по вкус со сол, бибер и ѓумбир.
  7. Послужете ја чорбата топла веднаш со малку парче потпечен леб.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: