Рецепти
Динстани шампињони со пилешко Ана Ристеска

Ова јадење оди одлично во комбинација со ориз и суво бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свежи шампињони(250 Грама)

Пилешки гради(250 Грама)

Карфиол(100 Грама)

Грашок(50 Грама)

Морков(3 )

Коцка за супа-пилешка(1 )

Путер(50 Грама)

Јајце(1 )

Кисела павлака(200 Милилитри)

Брашно(1 1/2 Супена лажица)

Целер(1/2 корен )

Магдонос(1/2 Китка)

Морско оревче(рендано 1/2 Кафена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
  2. Во друго тенџере на оган ставаме половина од путерот да се растопи. Морковите ги сечкаме на кругови, а коренот од целер на ситни коцки. Ги пржиме на растопениот путер во тенџерето на оган.
  3. Пилешките гради ги сечкаме на коцки, а рачките од магдоносот на парчиња. Ги додаваме во тенџерето и промешуваме.
  4. Откако месото ќе се запржи го додаваме брашното. Мешаме со лажицата. Во тенџерето со испрженото брашно ја додаваме супата од коцка. Потоа ги додаваме цветовите карфиол, грашокот и ренданото морско оревче. Посолуваме, наросуваме бибер и промешуваме.
  5. Во тава на оган го ставаме преостанатиот путер да се растопи и додаваме масло за јадење.
  6. Шампињоните ги сечкаме на листови. Го ставаме да се пржат во тавата на оган. Посолуваме, наросуваме бибер и промешуваме. Запржените шампињони од тавата ги додаваме во тенџерето.
  7. Јајцето го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Жолчката и павлаката ги мешаме со жица за матење додека не се соединат. Ги додаваме во тенџерето и промешуваме. Откако шампињоните и пилешкото ќе се издинстаат го тргаме тенџерето од оган.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: