Рецепти
Домашен сендвич сладолед Ана Ристеска

Одличен летен десерт без вештачки шеќер во кој сигурно ќе уживате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Зрела банана(4 )

Путер од кикирики-органски(1 Чаша)

Јајце(1 )

Мед(1/4 Чаша)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1/2 Кафена лажица)

Мелени бадеми(1/4 Чаша)

Чоколадо од какао(1/2 Чаша)

Кокосово масло(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 45 минути

  1. Бананите исечкајте ги и ставете ги во замрзнувач 1 час. Потоа извадете ги, изблендирајте и ставете ги во пластиче сад кој ќе го вратите во замрзнувач.
  2. Загрејте ја рерната на 175 степени.
  3. Во сад ставете ги путерот од кикирики, јајцето, мадот и екстрактот од ванила. Мешајте додека убаво не се соединат и потоа додајте ги мелените бадеми и сода бикарбоната и повторно мешајте додека не се добие хомогејна смеса.
  4. Префрлете ја смесата во мало тавче обложено со хартија за печење. Распоредете ја колку што е можно потенко и ставете да се пече 10-12 минути.
  5. Оставете тестото да се олади и пресечете го на половина.
  6. На стреч фолија ставете ја едната половина, одозгора ставете од изблендираната банана. Гледајте да ја премачкате колку што е можно по рамномерно а одозгора ставете ја другата половина од тестото. Завиткајте го сладоледот во стеч фолијата и ставете го во фрижидер минимум 1 час.
  7. Кога ќе го извадите исечете го на еднакви коцки и до половина прелијте го со стопено чоколадо.
  8. Потоа вратете ги парчињата во фрижидер додека не се олади чоколадниот прелив и сладоледот е готов.

 

 

За чоколадниот прелив: ставете го чоколадото и кокосовото масло во микробранова печка на неколку секунди додека не се стопат, потоа извадете ги и промешајте.

Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: