Рецепти
Домашна пита со зелка (посно) Ана Ѓорова

Вкусна домашна пита со свежа зелка по бабин рецепт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Вода(400 мл млака )

Сол(1 Кафена лажица)

Квасец(5 г свеж )

Масло(2-3 Супени лажици)

Зелка(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Замесете средно тврдо тесто од брашното, млаката вода, солта и свежиот квасец.
  2. Поделете го тестото и секоја половина повторно поделете ја на 6 дела. Вкупно треба да добиете 12 топчиња.
  3. Од првото топче расукајте мала коричка, премачкајте ја со масло и врз неа ставете друга расукана коричка.
  4. Откако ќе се направат 6х2 корички, се почнува со расукување. На набрашнета маса се расукува еден дел. Првата кора треба да биде поголема од другите 5.
  5. Се премачкува голем четвртаст плех со масло и се става првата расукана кора која треба да е поголема од плехот бидејќи на крај се виткаат краевите од тестото.
  6. Кората се попрскува со масло и се става фил од претходно запржена зелка.
  7. Врз зелката се става друга кора која е со големина колку плехот. Така се реди додека да завршат сите кори.
  8. Последната кора се премачкува само со масло, се виткаат краевите на питата и пред печење се сече на парчиња.
  9. Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути.
  10. По печењето извадете ја од рерна и покријте ја со крпа малку да омекне.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: