Рецепти
Фаџ со суви смокви Ана Ѓорова

Непечен колач со суво овошје и урми за вкусен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Суво грозје(1 Чаша)

Суви смокви(10-12 )

Урми(5 )

Бадеми(или ф'стаци 1/4 чаша ситно сечкани )

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Шеќер(2 Супени лажици)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Сувото грозје, сувите смокви и урмите (свежи) потопете ги во ладна вода и оставете ги да отстојат најмалку 4 часа или уште подобро преку ноќ. Ова ќе ги омекне и полесно ќе ги сомелете. Може и сами да направите суви смокви ( рецепт: https://moemeni.mk/?cs_recepti=suvi-smokvi )
  2. Утредента добро исцедете ги од водата, исчистете ги семките од урмите и добро изблендирајте ги да добиете хомогена кремаста смеса.
  3. Бадемите (или ф’стаците) исечкајте ги и потпечете ги во тава (без масло) околу 5 минути на умерен оган.
  4. Во вок тава загрејте малку масло, претурете ја смесата со сувото овошје и гответе на умерен оган 10-15 минути. Мешајте и гответе додека смесата се згусне.
  5. Потоа додајте ги сечканите јатки и шеќерот, па гответе уште 10 минути. Смесата треба да се згусне како мека топка и да не се лепи на страните од вок тавата.
  6. Извадете ја смесата од тавата и измешајте го екстрактот од ванила.
  7. Огноотпорен четвртаст сад премачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење, па распоредете ја смесата.
  8. Колачот оставете го во фрижидер пред послужување, па потоа исечете го на коцки, посипете го со шеќер во прав и послужете.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: