Рецепти
Француска пита со кромид Ана Ѓорова

Француски специјалитет за вкусно предјадење со салата по избор

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 грама (за тестото) )

Путер(омекнат 125 грама (за тестото) )

Сол(прстофат (за тестото) )

Јајце(1 (за тестото) )

Вода(2 лажици (за тестото) )

Кромид(1 килограм (за филот) )

Путер(100 грама (за филот) )

Брашно(60 грама (за филот) )

Млеко(3 децилитри (за филот) )

Морско оревче((за филот) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Тесто

  1. Измешајте ги брашното со прстофат сол во подлабок сад и направете длабнатина во средината.
  2. Додајте 1 матено јајце и 2 лажици вода, па измешајте.
  3. Додајте 125 г путер, претходно оставен да омекне на собна температура и исечен на коцки, па замесете тесто.
  4. Тестото оформете го во топка и оставете го да отстои 1 час.

Фил

  1. Кромидот излупете го и ситно исечкајте го.
  2. Ставете го во тава на оган со 100 г путер, покријте со капак и пржете на тивко околу 10 минути.
  3. Потоа посипете во тавата 60 г брашно, измешајте добро, па додајте го млекото. Зачинете со морско оревче, сол и бибер и пржете уште 5 минути на тивко.

Финална постапка

  1. Намастете го калапот за пита.
  2. Извадете го тестото од фрижидер и убаво распоредете го во намастениот калап со тоа што краевите ќе бидат свиткани навнатре.
  3. Потоа филувајте ја питата со филот од кромид и печете ја 30 минути во загреана рерна на 220°C.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: