Рецепти
Гужвана баклава Ана Ѓорова

Традиционална баклава вкусен фил што одлично оди со шолја кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(1 Килограм)

Мелени ореви(500 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

Шеќер(100 грама + 1 кг за шербетот )

Вода(850 Милилитри)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Путер(250 Грама)

Масло(300 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во сад за матење ставете ги мелените ореви, ренданото чоколадо (на ситно), 1 ванилинин шеќер и 100 г шеќер.
  2. Во тенџере на оган ставете ги путерот и маслото, па откако путерот ќе се растопи, тргнете го тенџерето од оган.
  3. Со лажица од мешавината од масло попрскајте ја првата кора и нанесете од филот.
  4. Врз неа наредете ја втората кора, попрскајте ја со масло и путер и нанесете од филот.
  5. Филуваните кори свиткајте ги во ролат на тенко сукало. Гужвајте го ролатот, отстранете ја сукалката и ставете го во тава за печење намастена со мешавината од путер и масло.
  6. На истиот начин ги подготвуваме сите ролати и ги редиме во тавата. Се попрскуваат со остатокот од масло и путер и се сече на парчиња.
  7. Се пече во рерна на 200 степени околу 40 минути.
  8. Во меѓувреме се подготвува шербет од 1 кг шеќер, 1 ванилин шеќер и 850 мл вода се варат во тенџере на оган додека шербетот ја добие потребната густина.
  9. Топлата баклава се прелива со топлиот шербет, се остава да впие, па се служи.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: