Рецепти
Ќофтиња со кускус Ана Ѓорова

Интересен рецепт со мароканска специфичност

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кускус(250 Грама)

Вода(550 Милилитри)

Сол(3 Кафени лажици)

Мешано мелено месо(500 Грама)

Чили пиперка(2 )

Лук(3 Чешниња)

Бибер(1 Кафена лажица)

Кромид(2 Главици)

Свежи шампињони(250 Грама)

Зелена пиперка(3 )

Пченка(200 Грама)

Доматно пире(400 Милилитри)

Чили во прав(0.5 Кафена лажица)

Кари во прав(0.5 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Најпрвин подгответе ги ќофтињата на следниов начин: се сечкаат чили пиперките и се чисти и сечка лукот.
  2. Во меленото месо додајте ги лутите или чили пиперки и лукот, сол, бибер и добро промешајте за да се изедначат вкусовите.
  3. Од добиената смеса се прават ќофтиња.
  4. Во тава со загреано масло додајте ситно сечкан кромид, па ставете ги внатре ќофтињата да се пржат заедно со кромидот и превртувајте ги за рамномерно се испржат од сите страни. Не дозволувајте кромидот да изгори и затоа внимателно мешајте цело време.
  5. Кога ќе бидат готови ќофтињата, додајте сечкани печурки, пиперки, пченка и сè тоа тоа прелијте го со доматно пире.
  6. Налејте 300 милилитри врела вода и зачините со чили во прав и кари.
  7. Варете ги ќофтињата околу половина час.
  8. На страна сварете 250 грама кускус според упатството наведено на пакувањето.
  9. Кога ќе биде готов кускусот, сервирајте го во чинија и одозгора ставете ги ќофтињата и полејте ги со сосот во кој се вареа.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: