Рецепти
Колач од банани со чоколада Ана Ристеска

Проверена комбинација од банана и чоколадо во форма на колач одличен со чаша кафе, чај или млеко

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Банана(2 )

Рендана кора од лимон

Сечкани ореви(75 Грама)

Црно чоколадо(200 Грама)

Шеќер(200 Грама)

Јајце(3 )

Брашно(250 Грама)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Путер(250 Грама)

Слатка павлака(500 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Во сад за матење со миксер матиме 200 г путер и шеќерот додека не се соединат. Едно по едно ги додаваме јајцата и постојано матиме со миксерот.
  2. Ги додаваме брашното, прашокот за печиво и оревите. Ја додаваме и кората од лимон и ренданото чоколадо.
  3. Бананите ги блендираме и во нив го додаваме сокот од портокал и потоа ги ставаме во садот со смесата. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја ставаме сместа во тркалезна тава за печење обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна, печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Во тенџере на оган ги топиме преостанатите 50 г путер и преостанатите 100 г чоколада искршена на парчиња. Ја додаваме слатката павлака и мешаме со лажица. Откако смесата ќе се соедини го тргаме тенџерето од оган. Изладената и густа смеса ја матиме со миксер додека филот не стане пенест.
  5. Колачот го вадиме од тавата, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на коцки. Коцките ги премачкуваме со чоколадниот фил и ги послужуваме.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: