Рецепти
Колач со круши и бадеми Ана Ѓорова

Вкусна торта што е повеќе круша отколку тесто – одлична за секој дел од денот

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Круша(3 )

Јајце(2 )

Брашно(50 Грама)

Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)

Путер(125 Грама)

Шеќер(125 Грама)

Бадеми(150 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Крушите измијте ги, излупете ги, исчистете ги од семките и дршките и исечете ги на половинки.
  2. Во поголем сад со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека добиете пенаста смеса.
  3. Потоа додајте ги јајцата едно по едно. Со лопатка измешајте го и брашното, 150 г мелени бадеми и прашокот за печиво.
  4. Смесата претурете ја во тава за печење обложена со намастена хартија за печење и убаво израмнете ја.
  5. Одозгора ставете ги половинките круши и печете го колачот во претходно загреана рерна на 190 степени околу 25 минути.
  6. Извадете го колачот од рерна, одозгора додајте ги останатите 50 г бадеми исечени на листови и допечете уште 8-10 минути. Проверете со чепкалка дали е печено – боцнете и ако излезе чиста чепкалката значи дека е печено.
  7. Кога ќе се подолади колачот, поросете го со шеќер во прав.
Колач со круши и бадеми
Лазањи со болоњезе сос
Кростата од бадеми со мармалад
Домашни равиоли со сирење
Канелони со пилешко месо
Ролнички со моцарела
Макарони салата со горгонзола
Домашни канелони со печурки и бешамел сос
Тиквички на милански начин
Фетучини со лосос сос
Кростата со кокос и чоколадо
Лазањи со печурки
Црвен песто сос
Пепероната
Брускети со тиквички
Пилешки ражничи со песто сос
Салата од макарони со кисели краставички и сирење
Шпагети со ќофтиња
Фритата со домати и пиперки
Семифредо со чоколадо
Лимончело
Полнети модри патлиџани
Капоната
Чиабата леб
Сладолед тирамису
Фокача џеновезе
Италијански ќофтиња
Тортелини со пилешко и песто
Домашна наполетанска пица
Бонет

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: