Рецепти
Колачи на стапче Ана Ѓорова

Подгответе ги за вашата следна роденденска забава и изненадете ги гостите со креативноста

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мелени бисквити(300 Грама)

Шеќер во прав(150 Грама)

Маргарин(250 Грама)

Мелени ореви(150 Грама)

Сок од портокал(200 Милилитри)

Бело чоколадо(100 Грама)

Масло(2 Супени лажици)

Чоколадни трошки

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Во сад со миксер пенасто изматете го маргаринот со шеќерот во прав.
  2. Додајте ги мелениот кекс и мелените ореви и промешајте.
  3. Постепено додавајте го сокот од портокал, па замесете мазна смеса, лесна за обликување. Оставете ја да се стегне.
  4. За тоа време белото чоколадо се растопува со масло во тенџере на тивок оган.
  5. Краевите на дрвените стапчиња се потопуваат во глазурата од бело чоколадо, па се боцкаат во стиропор и се остава чоколадото да се стегне.
  6. Во меѓувреме, од смесата се обликуваат топчиња.
  7. На стапчињата се боцкаат топчињата, се оставаат во фрижидер 15 минути.
  8. Изладените топчиња се потопуваат во глазурата од бело чоколадо, а потоа се валкаат во чоколадни трошки.
  9. Стиропорот се покрива со салфетка, па се боцкаат готовите колачиња.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: