Рецепти
Крап на кромид (посно) Ана Ѓорова

Печен и зачинет крап во рерна за вкусен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Крап(1 исчистен од 1 кг и пол )

Кромид(3 Главици)

Вода(200 Милилитри)

Ориз(100 Грама)

Вегета(1 и пол лажица )

Копар(4 Гранчиња)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Брашно(1 Супена лажица)

Масло

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Крапот исечете го на 6 парчиња и посолете ги од двете страни.
  2. Главиците кромид исечкајте ги на тенки резанки и пржете ги на загреано масло во тенџере на оган.
  3. Откако кромидот ќе омекне, додајте 1/2 лажица црвен пипер и лажица вегета. Додајте и сол и бибер по вкус и промешајте.
  4. Пржениот кромид ставете го во правоаголна тава за печење, намастена со масло, и додајте го оризот.
  5. Измешајте со лажица и со кромидот и оризот прекријте го дното на тавата.
  6. Копарот ситно исечкајте го и наросете го во тавата.
  7. Потоа врз кромидот ставете ги парчињата крап.
  8. На загреано масло во друго тенџере на оган пржете го брашното со лажица масло и мешајте со жица.
  9. Додајте го преостанатиот црвен пипер и мешајте. Налејте 200 мл вода, додајте 1/2 лажица вегета, сол и бибер и мешајте со жицата.
  10. Откако запршката ќе зоврие, прелијте го крапот во тавата, попрскајте со масло и печете го во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: