Рецепти
Кремаста паста со печурки без масло Ана Ристеска

Здрав вегетаријански ручек кој е многу лесен за подготовка а за кој не ви е потребно масло

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црвен кромид(2 мали )

Лук(2 Чешниња)

Бистра зеленчукова супа(150 Милилитри)

Шитаке печурки(250 Грама)

Темен соја сос(3 Супени лажици)

Органски интегрални тестенини(250 Грама)

Индиски ореви(100 Грама)

Бадемово млеко(500 Милилитри)

Свеж сок од лимон(од половина лимон )

Сол(1 Кафена лажица)

Лук во прав(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 20 минути

  1. Длабоко тавче ставете го да се загрева на најјако. Во него ставете ги ситно исечканите кромид и две чешниња лук. Оставете ги да се пржат некоја минута. Не грижете се ако почнат да се лепат за тавчето, така се добива екстра вкус. Кога ќе почнат да стануваат кафеави т.е. да се карамелизираат, ставете малку бистра зеленчукова супа. Со тоа ќе го намалите загорувањето на тавчето.
  2. Потоа ставете ги исечканите печурките. Ние употребивме шитаке печурки, но можете да употребите какви вие сакате. Ако користите шампињони имајте во предвид дека ќе пуштат повеќе вода па затоа користете помалку од супата.
  3. Пржете ги печурките некоја минута, ако почнат да се лепат за тавчето додавајте по малку од супата.
  4. Додајте го соја сосот, промешајте и пржете уште некоја минута.
  5. Во меѓувреме ставете ги тестенините да се варат според упатството. Ние се одлучивме за интегрални шпагети, но можете да употребите било какви тестенини вие сакате.
  6. За да го направите сосот кремаст, во блендер ставете ги индиските ореви, млекото (може да употребите од индиски ореви, бадемово, кравјо…), сок од лимон, сол и лук во прав. Убаво изблендирајте.
  7. Сипете го сосот во тавчето и гответе додека не се згусне и намали количински.
  8. Префрлете ги сварените тестенини во тавчето со сосот. Ако сосот е многу густ додајте малку од водата во која се вареа тестенините. Промешајте и готови сте.
  9. По желба додајте свежо или суво оригано.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: