Рецепти
Македонски питулици Ана Ѓорова

Традиционални македонски печени питулици со сирење – одлични за појадок со чаша јогурт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(800 Грама)

Масло(1.5 Децилитри)

Прашок за печиво(1 Кафена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Вода(6-7 Чаши)

Сирење(500 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Измешајте го брашното со 3 лажици масло, прашак за печиво, сол и вода околу 6-7 чаши. Замесете тесто без грутки, малку погусто од тоа за палачинки, а по потреба додавајте вода.
  2. Од така добиената смеса, на малку масло испржете 17-18 палачинки со димензии 23-24 сантиметри.
  3. Во поголема тепсија, наредете 1 палачинка, попрскајте ја со масло, распоредете го издробеното сирење (употребете меко сирење за да може да ги издробите и убаво да го распоредите), ставете друга палачинка и повторувајте додека не се потроши материјалот.
  4. Горната кора попрскајте ја со повеќе масло, исечете ја питата со нож на коцки и печете во претходно загреана рерна на 200°C, околу 30 минути.
Овошен киноа појадок
Овесни палачинки со банана
Здрава проја со тиквички
Овесни колачиња
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Ленени погачици
Палачинки од сладок компир
Утринска каша од овес и чиа
Корнфлекс пита
Чиа пудинг со банани
Смути во чинија со шумско овошје
Проја мафини со брокула
Солени крофни
Мафини со рибизли
‘Ржан леб со семки од тиква
Полнети проја погачки
Вафли со боровинки
Растурен омлет со печурки и со гауда
Мини палачинки со спанаќ
Двоен солен ролат
Мафини со јаболки и моркови
Омлет со печурки и чадена сланина
Кифли со виршла и кашкавал
Домашна гужвана пита
Куглов колач со јогурт
Тесто без јајца
Воден бурек
Пекарски земички
Мафини со јајца и зеленчук
Печурки со спанаќ и пилешко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: