Рецепти
Мелено месо со зеленчук и пире Ана Ристеска

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете суво црвено вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско мелено месо(750 Грама)

Златна мешавина(300 Грама)

Компир(5 лупени )

Кисели краставички(5 )

Кромид(1 Главица)

Јајце(3 )

Кашкавал(150 Грама)

Маргарин(50 Грама)

Млеко(200 Милилитри)

Суво оригано(1 Супена лажица)

Вегета(1 1/2 Супена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Главицата кромид и киселите краставички ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот со меленото месо.
  2. Ги додаваме мешаниот зеленчук, јајцата, ориганото и 1 лажица вегета. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ја месиме смесата со рака.
  3. Маргаринот го сечкаме на парчиња. Го ставаме во огноотпорен сад намрсен со масло.
  4. Во садот го ставаме меленото месо со зеленчук и го расплескуваме со рака.
  5. Во тенџере со вода на оган додаваме масло за јадење и преостанатата вегета. Посолуваме и ги ставме компирите исечкани на парчиња. Го додаваме млекото и вариме 20 минути.
  6. Сварените парчиња компири со лажица решетка ги ставаме во длабок сад и ги гмечиме со алатка за пире. Пирето го ставаме врз смесата од мелено месо во огноотпорниот сад.
  7. Садот го ставаме во рерна, печеме 45 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
  8. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот.
  9. Го враќаме садот во рерна, печеме уште 10 минути на истата температура и го вадиме од рерна.
  10. Меленото месо со зеленчук и пире го сечеме на коцки.
  11. Две парчиња ставаме на чинија за сервирање
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: