Рецепти
Печурки со јајца Ана Ристеска

Интересно предјадење од јајца во сос со печурки и кисела павлака со кое ќе ги изненадите гостите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свежи шампињони(500 Грама)

Кисела павлака(200 Милилитри)

Кромид(1 Главица)

Јајце(4 )

Брашно(2 Супени лажици)

Лук(2 Чешниња)

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тенџере на оган.
  2. Пречурките ги сечкаме на тенки парчиња и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. Чешнето лук ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето. Посолуваме и наросуваме бибер.
  3. Налеваме 200 мл вода, промешуваме и вариме 20 минути.
  4. Во длабока чинија ставаме 150 мл вода, ги додаваме брашното и црвениот пипер и мешаме со жица.
  5. Размешаното брашно го додаваме во тенџерето и промешуваме. Откако сосот ќе ја добие потребната густина едно по едно ги кршиме јајцата и на око ги ставаме во тенџерето. Ја додаваме и киселата павлака.
  6. Откако јајцата ќе се сварат го тргаме тенџерето од оган.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: