Рецепти
Пекарски земички
Вкусно домашно печиво што може да го комбинирате со разни јадења
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(600 Грама)
Квасец(1 свеж )
Млеко во прав(5 Супени лажици)
Вода(300 Милилитри)
Маргарин(120 Грама)
Јајце(1 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути
- Во тенџере на оган ставете ги водата и млекото во прав и мешајте со жива.
- Откако содржината ќе стане млака, тргнете го тенџерето од оган и додајте ги маргаринот и квасецот, па мешајте со жица да се растопат.
- Една лажица брашно оставете во чинија настрана, а преостанатото брашнот додајте го во тенџерето заедно со 5 лажици масло и малку сол. Мешајте со лажица да се соединат состојките.
- Продолжете да го месите тестото со рака, покријте го садот со кујнска крпа и оставете го тестото да стасува 15-тина минути.
- Потоа размесете го на работна површина и исечете 12 еднакви дела кои ќе ги формирате во топчиња.
- Топчињата тесто редете ги во тава обложена со хартија за печење.
- Премачкајте ги со мешавина од матено јајце со 1 лажица брашно и 1 лажица вода и оставете ги да стасуваат уште 30 минути.
- Потоа печете ги 30 минути во рерна на 200 степени.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во