Рецепти
Пита од лиснато тесто Ана Ѓорова

Вкусна пита со фил од кисела зелка и телешко месо која е одлично предјадење за секакви пригоди

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лиснато тесто(500 Грама)

Телешко мелено месо(300 Грама)

Кисела зелка(300 Грама)

Кромид(1 Главица)

Кисела павлака(200 Милилитри)

Димена сланина(100 Грама)

Кулен(100 Грама)

Буковец(1 Супена лажица)

Сусам(30 Грама)

Јајце(2 )

Зелени маслинки(100 Грама)

Вегета(1 Супена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Кромидот и киселата зелка ситно се сечкаат, сланината се сече на коцки, а маслинките на кругови.
  2. На загреано масло во тава се пржи исечканиот кромид, па откако ќе омекне се додава зелката, а откако и зелката ќе се пропржи, се додаваат сланината и меленото месо и се зачинува со сол, бибер, буковка и вегета.
  3. Откако смесата во тавата убаво ќе се запржи, се трга од оган, се додаваат сечканите маслинки и едно јајце, па се меша филот.
  4. Од лиснатото тесто се отсекува 1/3.
  5. На набрашнета работна маса од преостанатото лиснато тесто се сука кора и се става во намастена тркалезна тава за печење.
  6. Врз тестото се нанесува половина од филот, а врз филот скалесто се редат круговите кулен.
  7. Краевите на кората се виткаат кон внатрешноста, формирајќи витка и во тавата се нанесува преостанатиот фил.
  8. Од претходно отсеченото парче тесто се сука кора и се сече на тенки ленти кои се нанесуваат врз филот.
  9. Преостанатото јајце се мати со кисалата павлака и со смесата се премачкува питата, па се наросува со сусам.
  10. Се става да се пече во рерна 40 минути на температура од 180 степени.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: