Рецепти
Пита со јунешко и пилешко месо Ана Ѓорова

Највкусна пита со која нема да погрешите!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(500 Грама)

Јунешко мелено месо(300 Грама)

Брашно(3 Супени лажици)

Кромид(1 Главица)

Коцка за супа-пилешка(1 )

Кисело млеко(150 Милилитри)

Пилешки гради(200 Грама)

Јајце(2 )

Оцет(1/2 Супена лажица)

Лук(2 Чешниња)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Главицата кромид се пржи на загреано масло во тава на оган, па откако ќе омекне се додава меленото месо да се запржи. Се зачинува со сол и бибер и се промешува.
  2. Во тенџере со зовриена вода на оган се става коцката за супа. Во супата се варат пилешките гради исечени на половина по должина.
  3. Свареното месо се вади од тенџерето и ситно се сечка.
  4. Во длабок сад се мешаат киселото млеко, оцетот, гмечениот лук, јајцата и брашното.
  5. Во правоаголна тава намастена со масло се радат три кори попрскани со масло, врз нив се нанесува половина од филот од мелено месо.
  6. Се прекриваат со три кори исто така попрскани со масло, па се нанесува фил од пилешкото месо и се ставаат три кори попрскани со масло.
  7. Повторно се редат три кори попрскани со масло, па се додава преостанатиот фил од мелено месо и се покрива со 3 кори.
  8. Питата се сече на коцки и се попрскува со масло, па се пече 40 минути на 220 степени.
  9. Питата се прелива со 200 мл пилешка супа и со преливот од кисело млеко, па се враќа да се допече уште 30 минути.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: