Рецепти
Пита со ким и зелка Ана Ѓорова

Вкусна и мека пита во која кимот и зелката се полн погодок. Одлична е за предјадење за гостите или за лесна вечера.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Зелка(450 Грама)

Кромид(1 Главица)

Лук(1 Чешне)

Јајце(2 тврдоварени )

Ким(1 Кафена лажица)

Сол

Бибер

Брашно(400 Грама)

Прашак за печиво(1/2 Кафена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Јајце(3 )

Млеко(300 Милилитри)

Јогурт(100 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Зелката ситно исечкајте ја или подобро изрендајте ја, а кромидот и лукот ситно исечкајте и заедно со половина лажичка ким пропржете ги на малку маслиново масло.
  2. Кога зелката ќе омекне, додајте ги сварените јајца исечени на ситни коцки и зачинете со сол и бибер.
  3. Во брашното измешајте 1/2 лажичка сол и прашок за печиво, па додајте ги јајцата и матете со жица за матење, постепено додавајќи го и млекото.
  4. Кога смесата ќе се соедини, додајте го јогуртот. Добиената смеса треба да биде погуста од смеса за палачинки.
  5. Огноотпорен сад добро премачкајте го и посипете го со брашно, па во него додајте тенок слој од тестото, односно 1/3.
  6. Врз тоа распоредете половина смеса од зелката, па повторно прелијте со 1/3 од тестото.
  7. Врз тоа распоредете ја останатата смеса од зелката и сето тоа полијте го со преостанатото тесто.
  8. Одозгора питата посипете ја со ким и печете ја на 180 степени околу 45 минути.
Печурки со јајца
Крем супа од тиква и компир
Солена пита со маслинки
Печени фалафел ќофтиња со сос
Бељуш
Печурки во крцкаво тесто
Пита од лиснато тесто
Полнет леб
Чорба со печурки и чадена сланина
Супа од пилешки дроб
Холандска пита
Полнети печурки со лук и магдонос
Земички со лук
Полнети шампињони
Брза пита со блитва и сирење
Крем чорба од компири со сланина
Чорба од чадено месо
Тиквички на милански начин
Домати со пармезан во рерна
Солена пита со шампињони
Гибаница мафини
Пита со јунешко и пилешко месо
Солени бомбици
Шницли со печурки
Солени полнети мафини
Tопено сирење сo свинско месо
Ќофтиња од гриз со горгонзола
Панцероти со кашкавал и колбаси
Пита со црвен кромид
Чорба со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: