Рецепти
Полнет венец Ана Ристеска

Вкусно македонско предјадење на вашиот ручек.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 120 минути

  1. Во тенџере ги ставаме трите јајца и налеваме вода. Тенџерето го ставаме на оган и оставаме да врие додека јајцата не бидат тврдо варени.
  2. Во поголем длабок сад ставаме 60 грама брашно и 25 грама квасец. Посолуваме и додаваме вода.
  3. Го размешуваме квасецот со брашното и водата. Додаваме уште една лажица брашно и го оставаме тестото половина час да стаса.
  4. Во керамичка тава го ставаме преостанатото брашно и во средината правиме вдлабнатина. Во вдлабнатината го истураме стасаниот квасец и посолуваме. Потоа во тавата додаваме и вода и замесуваме меко тесто. Тестото го месиме со рака и го оставаме во тавата да стасува.
  5. Тестото го размесуваме во тавата и во средината го додаваме и пармезанот. Потоа тестото го ставаме на работната маса и убаво го месиме со двете раце.
  6. Со сукалка развлекуваме подебела кора. Тестото го преклопуваме 4 пати и го ставаме во тавата.
  7. Во меѓувреме го подготвуваме филот.
  8. Во поголем длабок сад ги рендаме трите вида на сирење и кашкавалот. Колбасот го сечеме на парчиња и го додаваме во садот. Варените јајца ги лупиме и ги оставаме на даската за сечење.
  9. Содржината во садот ја промешуваме и ја зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме и го оставаме садот настрана.
  10. Стасаното тесто го ставаме на работната маса и со сукалка расукуваме кора. Врз кората го ставаме филот од садот, а врз филот варените јајца исечени на половинки.
  11. Краевите на тестото ги преклопуваме за да не испаѓа филот. Потоа виткаме ролат.
  12. Ролатот со раце го влечеме во должина, а потоа од него формираме венец. Со нож го засекуваме венецот на неколку места, за да дише тестото за време на печењето.
  13. Тавата за печење ја премачкуваме со свинска маст и во неа го ставаме венецот. И венецот го премачкуваме со свинска маст и го оставаме да стаса.
  14. Кршиме едно јајце и ги раздвојуваме белката и жолчката. Жолчката ја матиме со вилушка. Потоа со четка со жолчката го премачкуваме венецот. Одозгора наросуваме сусам.
  15. Тавата со полиениот венец ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 250 степени.
  16. Откако венецот ќе добие златнорумена боја, ја вадиме тавaта од рерна и ја ставаме на работната маса. Го одлепуваме венецот од тавата и го ставаме на чинија за сервирање.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: