Рецепти
Полнети шампињони Ана Ѓорова

Превкусен рецепт што е одлично мезе за на трпезата

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свежи шампињони(500 Грама)

Млад кромид(2 врзопа )

Шунка(50 Грама)

Кулен(50 Грама)

Кашкавал(100 Грама)

Сирење(50 Грама)

Магдонос

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Феферонки(конзервирани 2 )

Сенф(1 Супена лажица)

Лук во прав(1/2 Супена лажица)

Вегета(1 Супена лажица)

Бело вино(50 Милилитри)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. На печурките отстранете им ги рачките, издлабете ги за полнење и ставете ги во огноотпорен сад.
  2. Издлабените делови ставете ги во чинија.
  3. Рачките од печурките ситно исечкајте ги и додајте ги во чинијата.
  4. Потоа парчињата печурки пржете ги на загреано масло во тава на оган и мешајте со лажица.
  5. Откако течноста ќе испари, посолете, додајте ги лукот во прав, сенфот, вегетата, виното и црвениот пипер и мешајте со лажицата.
  6. Магдоносот ситно исечкајте го, додајте го во тавата и промешајте.
  7. Младиот кромид ситно исечкајте го, пржете го на загреано масло во друга тава на оган и мешајте со лажица.
  8. Куленот, шунката и феферонките исечкајте ги на ситни коцки, додајте ги во тавата и промешајте.
  9. Потоа додајте ги испржените парчиња печурки, промешајте и тргнете ја тавата од оган.
  10. На покрупната страна од рендето во тавата изрендајте го сирењето и измешајте го филот со лажицата.
  11. Со филот наполнете ги издлабените печурки во огноотпорниот сад.
  12. На покрупната страна од рендето врз печурките изрендајте го кашкавалот, попрскајте со масло и ставете го садот во рерна, па печете 30 минути на 200 степени.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: