Рецепти
Ролат штрудли со афион Ана Ѓорова

Вкусен десерт што одлично оди со чаша млеко

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Несолен путер(3 лажици (за тестото) )

Шеќер(4 лажици (за тестото) )

Сол(1/2 кафена лажица (за тестото) )

Млеко(1/2 чаша (за тестото) )

Јајце(1 (за тестото) )

Брашно(3 чаши (за тестото) )

Квасец во прав(2 кафени лажици (за тестото) )

Вода(1/2 чаша (за тесото) )

Афион(200 Грама)

Путер(113 г (за филот) )

Млеко(1/2 чаша (за филот) )

Шеќер(1/2 чаша (за филот) )

Екстракт од ванила(1/2 лажичка (за филот) )

Рум(1 лажица (за филот) )

Свеж сок од лимон(1 и пол лажица + рендана кора (за фил) )

Сол(1/4 кафена лажица (за филот) )

Цимет(1/4 кафена лажица (за филот) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 240 минути

  1. Прво во тенџере на умерен оган ставете ги 1/3 чаша брашно и 1/2 чаша вода и мешајте со жица додека се згусне, па тргнете настрана.
  2. Префрлете ја смесата во друг сад, додајте путер, сол, шеќер и јајцето изматено со млекото. Потоа додајте го останатото брашно и сувиот квасец и убаво измешајте, па замесете тесто што ќе го изработите добро, околу 10-15 минути.
  3. Оставете го тестото да стаса 45 минути покриено во топла просторија. Премесете го, па оставете го да отстои уште 35-40 минути.
  4. Во меѓувреме подгответе го филот од афион: афионот сомелете го кратко, па ставете го во тенџере со 1/2 чаша млеко, околу 115 г путер/маргарин, 1,2 чаша шеќер, 1/2 кафена лажица ванила екстракт, 1 лажица рум, 1 и пол лажица сок од лимон и рендана кора, 1/4 лажичка сол и 1/4 лажичка цимет.
  5. Гответе ја смесата на рингла на умерен оган околу 5 минути со постојано мешање додека добиете густа паста и оставете ја да се олади.
  6. Расукајте го тестото во четвртаста кора и премачкајте го со растопен путер/маргарин, а потоа премачкајте го со филот од афион.
  7. Завиткајте во ролат.

01

8. Потоа ролатот исечете го на половина. Од секоја половина исечете по 8 парчиња. Вкупно треба да имате 16 парчиња.

9. Ставете ги парчињата едно до друго во намастена тава и оставете ги да стасаат уште 1 час.

02

10. Печете ги во загреана рерна на 180°C околу 17-20 минути.

11. Оставете ги да се изладат, а потоа одозгора наросете ги со шеќер во прав.

Весела торта
Пача
Посна сарма со праз и шампињони
Највкусни крофни
Свинско со пиво и со рузмарин
Печен ролат од свинско каре
Кростата со рикота и чоколадо
Мешана тава со месо и печурки
Свинско печено во маринада
Јунешки гулаш во црвено вино
Суви смокви
Карамелизирани смокви
Пијана скуша
Ребра со виски сос
Летен ѓувеч
Торта од лимон и боровници
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Полнети погачки со виршли
Леден чај
Тава со модри патлиџани
Ролат погача
Лиснати погачки
Грне од месо и зеленчук
Полнето пиле
Ребра во сос од виски
Полнето пиле со ориз
Тава зајачко со зеленчук
Билјаши
Ролат штрудли со афион

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: