Рецепти
Ролат со афион Ана Ѓорова

Класичен рецепт за вкусен ролат што одлично оди со шолја кафе или чај

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Шеќер(800 грама + 7 лажици )

Масло(200 Милилитри)

Брашно(1 Килограм)

Лимон(1 )

Квасец(1 свеж )

Афион(мелен 500 грама )

Млеко(1 и пол литар + 150 мл )

Цимет(1 ќесичка )

Вода(500 Милилитри)

Маргарин(250 Грама)

Шеќер во прав(125 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Во сад со миксер изматете ги јајцата со 7 лажици шеќер додека шеќерот се растопи. Непрекинато матејќи додавајте 500 мл од врелото млеко.
  2. Во тенџере со 150 мл млако млеко додајте го квасецот, 1 лажица брашно и 1 лажица шеќер. Мешајте со лажица додека квасецот да се растопи и оставете го да стаса.
  3. Во длабок сад со преостанатото брашно додајте ги стасаниот квасец, маслото, изматените јајца со млеко и малку изрендана кора од лимон. Замесете тесто и оставете го да стаса 30 минути.
  4. Во тенџере на оган ставете 500 мл вода, 1 литар млеко и 1 лажица маргарин и мешајте со лажица.
  5. Откако содржината ќе зоврие додајте ги преостанатиот шеќер и афионот и мешајте додека филот ја добие потребната густина.
  6. Тргнете го тенџерето од оган, додајте го циметот и промешајте.
  7. Во длабок сад со миксер пенасто изматете ги преостанатиот маргарин и шеќерот во прав.
  8. Тестото исечете го на 8 еднакви дела и од секое парче формирајте топка.
  9. Од 2 топки на набрашнета површина развлечете правоаголни кори, премачкајте ги со маргарин и ставете ги една врз друга, па нанесете фил.
  10. Свиткајте во ролат и ставете го во тава обложена со хартија за печење.
  11. На истиот начин подгответе ги и останатите 3 ролати.
  12. Премачкајте ги со маргарин и печете ги 45 минути во рерна на 200 степени.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: