Рецепти
Руски пирошки со компир Ана Ристеска

Руски пирошки по оригинален рецепт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шунка(200 Грама)

Јајце(2 )

Брашно(200 Грама)

Компир(1 )

Кисели краставички(4 )

Мајонез(200 Грама)

Павлака(200 Милилитри)

Квасец(1 )

Млеко(100 Милилитри)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Претходно сварениот компир го лупиме и го ставаме во поголем сад. Потоа со алатка за правење пире го гмечиме компирот во садот.
  2. Во садот со млеко го додаваме свежиот квасец и малку сол. Со лажица мешаме додека не се растопи квасецот.
  3. Во садот со компир додаваме путер и брашно.
  4. Јајцата ги кршиме и ги двоиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во големиот длабок сад.
  5. Потоа во садот го додаваме квасецот растопен во млекото и убаво се промешува.
  6. Тестото го месиме со рака додека не стане мазно и го оставаме во садот да нарасне.
  7. Во меѓувреме на даска за сечење шунката ја сечеме на коцки и ја собираме во сад.
  8. Во садот ја додаваме павлаката, мајонезот, ситно исечканите краставички и промешуваме.
  9. По 30 минути ја набрашнуваме работната маса и на неа го ставаме нараснатото тесто. Го месиме со раце, а потоа со сукалка развлекуваме кора.
  10. Со остар нож кората ја сечеме на 4 дела.
  11. На првото парче ставаме од претодно подготвениот фил, ги свиткуваме краевите, за да не испаѓа филот и ја виткаме пирошката.
  12. Готовата пирошка ја ставаме на чинија наросена со брашно. Истата постапка ја повторуваме на сите пирошки.
  13. На оган ставаме тава и во неа масло за јадење. Откако маслото ќе се загрее во тава ги редиме претходно подготвените пирошки да се пржат.
  14. Убаво заруменетите пирошки ги вадиме од тавата и ги редиме на чинијта за сервирање. Врз пирошките ставаме од претходно подготвениот фил.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: