Рецепти
‘Ржан леб со маслинки (хроно) Ана Ѓорова

Здрав леб со вкус и мирис на маслинки и со семки

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

'Ржано брашно(2 и пол чаши )

Интегрално пченично брашно(1 и пол чаша )

Сол(1 Супена лажица)

Прашок за печиво(1 )

Црни маслинки(20 )

Маслиново масло(5-7 Супени лажици)

Путер(15 Грама)

Сончоглед(20-30 Грама)

Сусам(100 Грама)

Чиа семе(30 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. ‘Ржаното брашно се става во сад (се остава половина чаша за дозамесување) и се меша со пченичното брашно (или со хељдино), 1 рамна лажица сол и печиво.
  2. Црните маслинки се лупат од семките и се блендираат заедно со 5-7 лажици маслиново масло и околу 15-тина грама путер.
  3. Брашната и маслинките се мешаат, се додава половина чаша кисела вода за замесување на тестото и по потреба остатокот од брашното. Може да ставите и неколку крупни парчиња маслинки. Добро се меша и се додаваат сончогледот, сусамот и чиа семките.
  4. Се замесува лебот и се става во малку намастена тепсија. Одозгора лебот се попрскува со малку кисела вода и се пече 20-30 минути на 250 степени.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: