Рецепти
Шницли со печурки Ана Ристеска

Шницлите послужете ги со тартар сос и уживајте

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свежи шампињони(400 Грама)

Јајце(4 )

Лебни трошки(200 Грама)

Леб(1 Кришка )

Путер(70 Грама)

Млеко(100 Грама)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Во длабок сад со жица матиме 3 јајца. Посолуваме, наросуваме мелен бибер и промешуваме.
  2. Во тава на оган ставаме масло и 35 г путер. На загреаната мрснотија ги пржиме изматените јајца. Ја вадиме кајганата од тава.
  3. Шампињоните ги сечкаме на листови и ги пржиме на преостанатата мрснотија во тавата. Посолуваме и промешуваме.
  4. И испржените шампињони ги вадиме од тавата. Кајганата и шампињоните ситно ги сечкаме, Ги ставаме во длабок сад.
  5. Кишката леб ја преливаме со млекото. Откако ќе омекне го цедиме лебот во цедалка. Исцедениот леб го додаваме во садот со печурките и кајганата. Додаваме 2 лажици лебни трошки и преостанатото јајце. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  6. Од смесата ги формираме шницлите и ги облепуваме со преостанатите лебни трошки.
  7. Во тава на оган ставаме масло и преостанатите 35 г путер. На загреаната мрснотија ги пржиме шницлите додека не поруменат од двете страни.
Куглов со ореви и чоколадо
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Топчиња од палента
Пилешко во павлака
Потпечен карфиол
Колач со рогач
Чај со јаболко
Лате со јаболко и цимет
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Здраво чоколадно лепче
Благи кифлички со вино
Ѓевречиња од мелено месо
Ленени погачици
Зелка на грчки начин
Топчиња од зеленчук
Чоколадни брауни од тиква
Печен ослиќ со брокула
Палачинки од сладок компир
Пудинг од брусница и портокал
Салата со праз и сирење
Рум касато
Ролат со цимет и суво грозје

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: