Рецепти
Топки со ајвар Ана Ѓорова

Полнето печиво со ајвар, шунка и кашкавал за одлична вечера или за појадок

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Квасец(30 грама свеж )

Сол(1 Кафена лажица)

Шеќер(1 Кафена лажица)

Јајце(1 )

Ајвар(2 Супени лажици)

Масло(75 Милилитри)

Млеко(250-300 Милилитри)

Маргарин(50 Грама)

Пилешка салама(150 Грама)

Кашкавал(100 Грама)

Жолчка од јајце(1 за премачкување )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Квасецот се разматува во топлото млеко со шеќер, па се остава да нарасне.
  2. Во длабок сад се мешаат брашното и солта, па се додаваат јајце, нараснатиот квасец со млекото, ајвар, масло и се замесува тесто.
  3. Тестото се покрива со крпа и се остава да се зголеми во волумен.
  4. Потоа се дели на 15 топки, па секоја топка се развлекува со сукало.
  5. Во средината се ставаат предходно ренданите салама и кашкавал и се оформуваат топки.
  6. Маргаринот се растопува на тивок оган и се остава да се излади.
  7. Топките од долната страна до половина се потопуваат во маргаринот, па се редат во подмачкан плех.
  8. Се оставаат да постојат 20 минути, па се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со ким, морска сол или со сусам по желба.
  9. Топките се печат на 200 степени додека заруменат.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: