Рецепти
Торта од бадеми и крем Ана Ристеска

Оваа торта е прелесна за подготовка и има неспоредлива мекост поради шлагот. Одлична за со кафе или чај

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(за тестото 150 Грама)

Сол(за тестото 3 Грама)

Шеќер(за тестото 30 Грама)

Квасец(за тестото 10 Грама)

Јајце(за тестото )

Млеко(за тестото 30 Милилитри)

Путер(за тестото 50 Грама)

Путер(за преливот 30 Грама)

Шеќер(за преливот 30 Грама)

Мед(за преливот 20 Грама)

Млеко(за преливот 10 Милилитри)

Бадеми(за преливот 50 Грама)

Млеко(за филот 200 Милилитри)

Шеќер(за филот 40 Грама)

Шлаг во прав(за филот 20 Грама)

Жолчка од јајце(за филот 2 )

Путер(за филот 40 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 90 минути

  1. Со миксер за тесто замесете го тестото од брашното, шеќерот, солта, квасецот, јајцето и млекото. Кога тестото ќе биде мазно, додајте го омекнатиот путер и повторно мешајте. Покријте го тестото и оставете го да порасне. Кога ќе порасне ставете го на набрашнета површина.
  2. Замесете го малку, потоа расукајте го да биде со дијаметар од 24 см и ставете го во подлабок сад за печење кој е премачкан со путер. Оставете го повторно да нарасне во садот.
  3. За преливот, во тавче ставете го путерот, шеќерот, млекото и медот. Гответе на тивко додека шеќерот не се стопи. Додајте ги тенко исечените бадеми, промешајте.
  4. Кога тестото повторно ќе порасне, премачкајте го со јајце. Одозгора прелијте го со преливот додека е сеуште топол и рамномерно распоредете го.
  5. Печете го во загреана рерна на 180 степени 30-35 минути.
  6. Кога ќе се испече, извадете го и оставете го целосно да се олади.
  7. За филот, измешајте ги заедно шлаг кремот во прав заедно со половина шеќер.
  8. Млекото и путерот ставете ги во тавче со останатиот дел од шеќерот и гответе ги на средна температура.
  9. Измешајте ги жолчките со шеќерот и кремот во прав.
  10. Кога млекото ќе почне да врие, сипете дел од него во смесата со јајцата и постојано мешајте. Потоа таа смеса сипете ја во млекото кое се вари и гответе додека повторно не почне да врие со постојано мешање. Кога ќе почне да врие тргнете го на страна.
  11. Тортата пресечете ја на половина и долниот дел премачкајте го со филот. Одозгора ставете го горниот дел. Тортата чувајте ја во фрижидер.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: