Рецепти
Торта од лимон и боровници Ана Ристеска

Слатка торта со лимон и сочни боровници со крем од крем сирење за одлично расположение

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(230 Грама за тестото + 115 Грама за филот )

Шеќер(250 Грама)

Кафеав шеќер(100 Грама)

Јајце(4 )

Екстракт од ванила(1 Супена лажица за тестото + 1 Кафена лажица за филот )

Брашно(345 Грама)

Прашок за печиво(1 Супена лажица)

Сол

Матеница(240 Милилитри)

Рендана кора од лимон(од 3 лимони )

Свеж сок од лимон(од 3 лимони )

Боровница(258 Грама)

Крем сирење(224 Грама)

Несолен путер(115 Грама)

Шеќер(420 Грама)

Хопла(15-30 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 3 часа

  1. Загрејте ја рерната на 177 степени. Две тави за печење со иста големина премачкајте ги со путер и поросете ги со брашно.

За тестата:

  1. Матете го путерот со миксер додека не стане кремаст, околу 1 минута. Додајте го обичниот и кафеавиот шеќер и матете на средна брзина уште 2-3 минути. Додајте ги јајцата и ванилата и матете уште 3 минути.
  2. Во голем сад стевете го брашното, солта и прашокот за печиво. Полека додавајте ја смесата со брашното во смесата со јајцата. Матете на најслаба брзина околу 5 секунди, а потоа додајте ги матеницата, кората и сокот од лимон. Боровниците поросете ги со 1 супена лажица брашно, а потоа додајте ги во смесата. Исмешајте со лажица.
  3. Смесата поделета во двете тави и печете околу 21-26 минути. Извадете ги тестата од рерна и оставете целосно да се оладат.

За филот:

  1. Со миксер матете ги крем сирењето и путерот на средна брзина околу 3 минути. Додајте го шеќерот во прав, хоплата (1 лажица) , екстрактот од ванила и солта. Матете прво на слаба брзина околу 1 минута, а потоа на брзо 3 минути и по желба додајте уште 1 лажица хопла.
  2. Првото тесто ставете го на подлога за торти и премачајте го со дел од филот. Потоа ставете го второто тесто и целата торта премачкајте ја со филот. Декорирајте со боровници и кора од портокал.

 

Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: