Рецепти
Торта слоново око Ана Ѓорова

Вкусна ролат торта од мелени ореви, џем и чоколадо во која ќе уживате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(5 за првиот пандишпан )

Шеќер(5 лажици за првиот пандишпан )

Брашно(3 лажици за првиот пандишпан )

Јајце(10 за вториот пандишпан )

Ванилин шеќер(1 пакување за вториот пандишпан )

Шеќер(7 лажици за вториот пандишпан )

Мелени ореви(14 лажици за вториот пандишпан )

Брашно(4 лажици за вториот пандишпан )

Млеко(300 мл за филот )

Мелени ореви(350 грама за филот )

Црно чоколадо(100 грама за филот )

Маргарин(250 грама за филот )

Шеќер во прав(250 грама за филот )

Малини(или друго овошје по желба за украсување )

Млеко(200 мл за украсување )

Шлаг во прав(2 ќесички за украсување )

Џем од кајсии(200 грама )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

1 пандишпан

  1. Јајцата и шеќерот пенасто се матат со миксер.
  2. Потоа се додава брашното и се меша да се соедини смесата.
  3. Смесата се претура во тава за печење обложена со хартија и се пече 20 минути на 200°C.

2 пандишпан

  1. Во меѓувреме се подготвува вториот пандишпан за тортата: жолчките се одделуваат од белките – белките се ставаат во длабок сад, 4 жолчки оставаме во еден сад настрана, а 6 жолчки во друг сад настрана.
  2. Белките со шеќерот и ванилиниот шеќер се матат со миксер додека се растопи шеќерот и додека да ја добијат потребната цврстина.
  3. Во белките се додаваат брашното и мелените ореви и се меша со лажица.
  4. Во сад за матење со миксер се матат 4 жолчки и се мешаат во садот со белките додека смесата се соедини.
  5. Смесата се става во тава обложена со хартија за печење и се пече 20 минути на 200°C.

Фил

  1. Во тенџере на оган ставете го млекото и откако ќе зоврие додајте ги мелените ореви и промешајте.
  2. Во друго тенџере на пареа ставете 6 жолчки (преостанати од вториот пандишпан) и 2 лажици шеќер во прав, па матете со миксер.
  3. Се додава чоколадото искршено на парчиња и се мати со миксер додека чоколадото се растопи и кремот ја добие потребната густина.
  4. Маргаринот пенасто се мати со миксер заедно со преостанатиот шеќер во прав.
  5. Потоа се меша со изладениот крем и со изладените попарени ореви, па се мати со миксер додека филот се соедини.

Финална постапка

  1. Пандишпаните се вадат од рерна и се виткаат во навлажнети кујнски крпи.
  2. Потоа се одвиткуваат од крпите и им се отстрануваат хартиите.
  3. Со фил се премачкува вториот пандишпан, врз филот се става првиот пандишпан, се премачкува со џем од кајсии и се витка во ролат.
  4. Ролатот се премачкува со преостанатиот фил и се украсува со шлаг подготвен од 200 мл млеко изматени со 2 ќесички шлаг во прав.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: