Рецепти
Торта со суво овошје и костени Ана Ѓорова

Лесен и непечен десерт со вкусна комбинација што ќе ја обожавате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(50 Грама)

Вода(100 Милилитри)

Лимон(1 )

Портокал(1 )

Суви смокви(500 Грама)

Суви сливи(без семки 500 грама )

Мелени ореви(250 Грама)

Бадеми(сечкани 100 г )

Путер(175 Грама)

Шеќер во прав(2 Супени лажици)

Пире од костени(500 Грама)

Рум(2 Супени лажици)

Црно чоколадо(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Во тенџере на оган ставете 100 мл вода и 50 г шеќер со исцедените лимон и портокал да зовријат. Измешајте додека шеќерот се ратопи и оставете го шербетот настрана.
  2. Во длабок сад ставете ги мелените ореви, сечканите бадеми, сечканите суви сливи и сечканите суви смокви. Додајте го врелиот шербет и измешајте ги состојките со рака.
  3. На чинија за торта ставете обрач од тркалезен калап и ставете ја смесата, па со дланката убаво притиснете ја на дното.
  4. Во сад за матење ставете 125 г путер, шеќерот во прав и румот, па матете со мискер додека филот се соедини. Потоа додајте го пирето од костени ( може да подготвите и сами домашен крем од костени – рецепт: https://moemeni.mk/?cs_recepti=krem-od-kosteni ) и добро соединете со миксерот.
  5. Филот нанесете го врз подлогата од суво овошје и јатки во чинијата.
  6. Чоколадото искршете го на парчиња и растопете го во тенџере на тивок оган заедно со 50 г путер.
  7. Откако чоколадниот прелив ќе ја добие потребната густина, премачкајте ја тортата, па послужете.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: