Рецепти
Турска супа со црвена леќа и зеленчук Ана Ѓорова

Популарен турски оброк ( mercimek çorbası ) особено во постудените денови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кромид(1 главица )

Морков(1 )

Компир(1 )

Црвена леќа(3/4 Чаша)

Кумин(1 Кафена лажица)

Сол(по вкус )

Бибер(по вкус )

Вода(1 и пол литар )

Маргарин(или путер 2 лажици )

Брашно(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Морковот, кромидот и компирот излупете ги и исечкајте ги крупно.
  2. Ставете ги во големо тенџере, додајте ја црвената леќа, мелениот кумин, сол и бибер по вкус, па додајте 1 и пол литар вода.
  3. Ставете го тенџерето на рингла на силен оган, а откако ќе зоврие водата, намалете ја температурата на тивко и покријте со капак.
  4. Варете ги зеленчуците додека омекнат.
  5. Потоа тргнете го тенџерето од оган и содржината испасирајте ја со рачен блендер да добиете смеса како пире.
  6. Во мала тава растопете го путерот или маргаринот, па додајте го брашното и мешајте неколку секунди, само внимавајте да не потемне брашното и додајте го во супата.
  7. Добро измешајте и оставете ја супата да се довари на тивко уште 15 минути. Зачинете уште по вкус. Ако супата е многу густа, додајте уште вода по потреба.
  8. Сервирајте ја супата топла со крцкав леб и со лимон.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: