Рецепти
Веганска чоколадна торта Ана Ристеска

Едноставна чоколадна торта со неодолив вкус, каков што треба да има секоја чоколадна торта! Ова е храна за душата и дефинитивно треба да се направи за некоја специјална пригода, или кога се чувствувате како да сакате кралски да ги импресионирате вашите гости.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кокосово масло(стопено 400 Милилитри)

Брашно(300 Грама)

Мелени бадеми(300 Грама)

Јаворов сируп(500 Милилитри)

Оризово млеко(250 Милилитри)

Какао(80 Грама)

Прашок за печиво(4 Кафени лажици)

Сол(2 Кафени лажици)

Екстракт од ванила(3 Кафени лажици)

Црно чоколадо(300 Грама)

Кокосово масло(цврсто 200 Грама)

Кокосово млеко(1 Конзерва )

Јаворов сируп(1 Кафена лажица)

Малини(1 Канче )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 100 минути

  1. Загрејте ја рерната на 160 степени.
  2. Во голем сад ставете го стопеното кокосово масло и брашното.
  3. Додајте го јаворовиот сируп и оризовото млеко.
  4. Потоа додајте го какаото, прашокот за печиво и екстрактот од ванила.
  5. Убаво изматете ја смесата.
  6. Две округли тави за печење обложете ги со харија за печење.
  7. Смесата поделете ја во двете тави еднакво. Ставете да се пече околу 1 час.
  8. Кога тестата ќе бидат испечени, извадете ги и оставете ги да се оладат околу 20-30 минути.
  9. За глазурата, кокосовото масло и чоколадото ставете ги во еден сад и стопете ги на пареа.
  10. Ставете ги во фрижидер и чекајте да се оладат, но не премногу бидејќи ни треба смеса со која ќе можеме да ја премачкаме тортата.
  11. За филот, извадете го горниот, кремаст дел од конзервата кокосово млеко, водата не ни треба.
  12. На кремот додајте 1 кафена лажичка екстракт од ванила и 1 кафена лажичка јаворов сируп и убаво промешајте ги состојките.
  13. Филот премачкајте го врз едното тесто, потоа наредете ги малинити и одозгора внимателно ставете го другото тесто.
  14. Извадете ја оладената глазура од фрижидер и премачкајте ја целата торта.
  15. Декорирајте го малини и рендано чоколадо.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: