Рецепти
Вештерски прсти Ана Ѓорова

Интересни и декоративни колачи што вашите гости ќе ги обожаваат

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бадеми(30-тина )

Јајце(2 )

Екстракт од ванила(1/4 Кафена лажица)

Путер(115 Грама)

Шеќер во прав(1/2 Чаша)

Шеќер(5 Супени лажици)

Сол(1 Прстофат)

Брашно(1 и пол чаша )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Во сад со миксер изматете ги путерот (претходно омекнат на собна температура), шеќерот во прав, обичниот шеќер и солта додека добро се соединат.
  2. Во друг сад посебно изматете 1 јајце, 1 жолчка и ванилата, па додајте ги во садот со путерот и матете уште 2-3 минути.
  3. Додајте го и брашното и матете додека смесата добро се соедини.
  4. Тестото формирајте го во топка, обвиткајте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се лади 20-30 минути.
  5. Тестото поделете го на 2 еднакви дела: првиот дел поделете го на 15 парчиња, а другиот дел оставете го во меѓувреме во фрижидер. На набрашнета површина секое парче формирајте го во долгнавести прсти со должина од 7-10 см.
  6. Прстите редете ги во плех со хартија за печење и на секој од нив во средината со нож засечете неколку набори, цртки. Повторете ја постапката и со другото тесто.
  7. Премачкајте ги со белката од јајце и ставете по една половинка бадем на секој прст (како нокт) и притиснете да се залепи.
  8. Печете ги во рерна на 180 степени, околу 10-12 минути, па оставете ги целосно да се изладат пред послужување.
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: