Состојки
Брашно Брашното, како неопходна состојка на многу прехранбени производи, е фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб. Најчесто брашното се произведува од пченица, па зборот „брашно“ без означување на видот подразбира пченично брашно. Освен од пченица, се изработува и од пченка, ‘рж, јачмен, овес, наут, костен, просо, ориз и слично. Тоа се прави и од незрнести култури како соја, компир, елда, тапиока, кикирики или бадем. Грубо мелените плодови се нарекуваат гриз (понекогаш и крупица). Во зависност од „тврдината“ на житото, постојат меки (за леб, пред сè) и тврди брашна (за колачи). Во зависност од големината на окцата на ситото, брашната се повеќе бели или потемни. Побелото брашно се состои само од житното јадро, односно во него не се среќава обвивката од зрното. Тоа се брашна од тип-400 или тип-500. Овие брашна немаат витамини и минерали како црните брашна од тип-800 или тип-1100.  
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: