Состојки
Чоколадо од какао Какаото претставува дрвенесто растение чиј плод содржи 30 до 45 зрна од кои, кога ќе созреат, се екстрахира какаовото масло, а со нивно мелење се добива какаов прав. Тој претставува основна суровина за добивање на чоколадо и какаова напивка. Се смета дека какаото помага во превенцијата на појавата на срцеви заболувања, а тоа се должи на присуството на флавонол, силен антиоксиданс кој го поттикнува протокот на крв во мозокот и така влијае врз когнитивните способности. Магнезиумот, витаминот Е и бакарот во темното чоколадо со какао, според некои истражувања, може да помогне во лекувањето на срцеви болести. Магнезиумот ја подобрува функцијата на срцето и крвотокот, а бакарот им помага на крвните зрнца да се здобијат со кислород. Какаото е погодно за лица чувствителни на шеќер и за дијабетичари: не го зголемува шеќерот во крвта и ја подобрува клеточната функција.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: