Состојки
Едамер кашкавал Едамер (холандски: edammer) е полутврдо сирење кое традиционално се продава во топчести пити со бледожолта внатрешност и завиткани во жолти или црвени парафински обвивки. Името доаѓа од градот Едам во покраината Северна Холандија. Едамерот зрее и се транспортира добро, не се расипува — само се стврднува. Овие квалитети (меѓу другите) го направиле најпопуларно светско сирење во периодот од XIV до XVIII век. Повеќето „млади“ едамер сирења кои се продаваат во малопродажба имаат благ вкус, малку се солени, имаат вкус на лешник и лесен мирис споредено со другите сирења. Како што сирењето старее, неговиот вкус се заострува и станува појак. Содржи значително помалку маснотии во однос на другите традиционални сирења – околу 28% маснотии. Модерниот едамер е помек во однос на другите сирења заради тоа што содржи малку маснотии. Иако традиционално едамерот се произведува од необработено млеко, денес на пазарот се наоѓа само фабрички произведен едамер од пастеризирано млеко. Се обликува во топки и се остава да зрее. Сирењето зрее шест до осум недели.
Едамерот добро оди со некои овошја како: праски, дињи, кајсии и цреши. Созреаниот едамер се јаде со традиционалните „сирни овошја“ како круши и јаболка. Како и повеќето сирења добро оди со крекери и леб. Со ова сирење се препорачува црвено вино.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: