Состојки
Киноа зрна Киноа зрната водат потекло од Јужна Африка и многу често се сметаат како житарици, но без разлика на изгледот и вкусот, киноата всушност е дел од фамилијата на спанаќ. Станува збор за една навистина многу античка билка одгледувана од страна на Инките кои ја нарекувале „мајка на сите зрна“. Киноата не може да се одгледува насекаде и најголеми производители се: Боливија, Чиле, Еквадор и Перу. Оваа „псевдожитарка“ присуствува на сè повеќе трпези, бидејќи се подготвува многу брзо и лесно се комбинира со најразлични јадења, а најчесто служи како замена за ориз и тестенини. Претставува богато нутритинва намирница. Го снабдува човековиот организам со многу повеќе антиоксиданси од која било друга житарка користена во безглутенските диети и носи многу здравствени придобивки. Киноа зрната се многу сиромашни со глутен и лесно се варат во организмот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: