Состојки
Ракија Ракијата е жесток алкохолен пијалок популарен на Балканот. Се прави речиси исклучиво од овошје, но постојат и ракии кои се прават и од мед или од ореви. Умереното пиење ракија може да се смета за природен лек кој го намалува холестеролот, ја намалува можноста за заболување од кардиоваскуларни болести, инфаркт, срцева слабост, зголемен крвен притисок и мозочен удар. Имено, ракијата е добра затоа што ја разредува крвта, а познато е и тоа дека се до појавата на првите средства против болки (те. седативите и аналгетиците кои во потрошувачка форма на апчиња се појавиле дури на почетокот од 20-тиот век), за оваа цел била употребувана ракијата. Постојат сведоштва дека во време на колерата, луѓето преживувале така што пиеле посилна ракија и јаделе лук. Една до две чаши домашна ракија дневно, без разлика дали е лозова, јаболкова, сливова или некој друг тип, се здрави за нашето тело. Доколку се запазуваат овие дози, домашната ракија може да биде моќен лек. Луѓето кои умеат паметно да консумираат ракија можат значително да си го зголемат животниот век.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: