Состојки
Сусам Сусамот и сусамовото масло се незаменливи во кујната. Без разлика дали користите таан, јадете алва или гомасио со секои 36 грами сусам ќе внесете мало минерално богатство. Сусамот претставува одличен извор на бакар - елемент битен за модулација на воспалителниот одговор на телото како и за многу ензимски реакции во телото. Освен бакар во сусамот има и големи количини на магнезиум, калциум, форсфор, манган, па дури и 29% од дневните потреби за железо. Благодарение на високата содржина на Е витаминот, сусамовото масло делува позитивно и врз кожата и го успорува процесот на стареење на клетките. Сусамот и маслото од сусам се богати и со есенцијални масни киселини како олеинската и линоленската кои човечкото тело не може да ги синтетизира. Овие масни киселини имаат одлично влијание врз кардиоваскуларниот и нервниот систем.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: