Занимливости
10 неверојатни Гинисови рекорди за храна

Дали некогаш сте си подготвиле салата мислејќи: „Ах, тоа е премногу за мене, можеби подготвив за двајца“. Па, на некои од следните рекордери им остана доволно храна за да го нахранат својот град и сѐ уште имаа остатоци.

 

Веќе знаете дека во Гинисовата книга на светски рекорди постојат доста интересни и неверојатни рекорди, па разгледајте неколку прилично смешни записи од нашата листа за храна:

 

1. Најдолгата пица

 

01

 

На прекрасното неаполско крајбрежје во мај 2016 година се бележи рекордот за најдолгата пица на светот. Пицата е долга речиси 2 километри – поточно 1853, 88 метри. За подготовката биле потребни 5 мобилни печки, 2000 килограми брашно и моцарела и 1600 килограми домати!

 

2. Најголемиот мозаик од колачи

 

01

 

Мозаикот е составен од 33 660 колачи во септември 2015 година за да ја прослави светската победа на Јужна Африка во рагби. Колачите се во разни бои: зелена, сина, жолта, црвена, црна и бела, а големината на мозаикот достигнува до 138.56 метри квадратни.

 

3. Најголемата јагода

 

01

 

Рекордот за најголемата и најтешка јагода некогаш измерена доаѓа од Јапонија во јануари 2015 година. Нејзините димензии се 8х12 сантиметри, а тежината 250 грама.

 

 

4. Најдолгиот багет леб

 

01

 

Најдолгиот багет леб не е направен во Франција, туку на саемот за храна во Милано (Expo 2015). Лебот е испечен благодарение на мобилна печка, а достигнува должина до 122 метри и тежина околу 187 килограми. За да биде уште попримамлив, лебот е сервиран врз Нутела крем.

 

5. Најмногу топчиња сладолед во корнет

 

01

 

На годишниот италијански фестивал на сладоледот, во декември 2016 година сладолетџијата Димитри ја постигна титулата на Светскиот Гинисов Рекорд за најмногу топчиња сладолед во еден корнет. Во својот корнет тој балансира неверојатни 121 топчиња сладолед.

 

6. Најголемиот хот дог

 

 

01

 

Најголемиот хот дог во светот тежи 3,18 килограми. Достапен е на пазарот во Америка и цената изнесува вртоглави 40 долари.

 

7. Најскапото чоколадно јајце

 

01

 

Најскапото ненакитено чоколадно јајце е продадено на аукција во Лондон за 7000 фунти. Јајцето тежи 50 килограми, а за неверојатната рачна декорација работеле 7 слаткари околу 3 дена. Чоколадото е со потекло од Венецуела, а се смета како едно од најдобрите видови во светот.

 

8. Најголема колекција на лажна храна

 

 

01

 

Кралицата на пластичната храна Акико Обата влегува во книгата на Гинисови Светски Рекорди во 2015. Таа во својот стан има 8000 лажни, пластични видови храна.

 

9. Најскапиот коктел во светот

 

01

 

На 7-ми февруари 2013 година шанкерот во клубот 23 го направил најскапиот коктел во светот кој влегува во гинисовите рекорди, а чини 12.500 австралиски долари. Една од состојките е коњак стар од 1858 година, кој, исто така, се наоѓа на листата на најскап коњак.

 

10.  Најголемата куќа изработена од колачиња со ѓумбир

 

01

 

Куќата иако содржи вистински систем и дури електрична енергија, сепак се состои од јадливи ѕидови направени од 22.000 колачиња од ѓумбир што вкупно бројат 35.8 милиони калории! Големината е колку тениско игралиште, а се наоѓа во Тексас и е прогласена за најголема куќа од колачи во декември 2013.
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: