Занимливости
10 причини зошто не можете да престанете да јадете

Дали постојано сакате да јадете нешто? Прво, треба да разберете зошто сте гладни и дали навистина сте гладни. Ќе ви помогнеме да дознаете и да одлучите што да направите. Ајде да поработиме на нашите грешки заедно.

 

1. Жед

 

Untitled2

 

Ако неодамна сте јаделе добро, а сепак повторно сте гладни, сетете се кога последното сте пиеле вода. Напијте се една чаша и почекајте некое време. Чувството на глад ќе престане, а можеби дури и ќе сфатите дека воопшто не постои.

 

Правило: Продолжете да пиете. Најдобра опција е да го научите вашето тело да консумира многу вода наутро и половина час пред секој оброк.

 

2. Празни калории

 

15922360-2978910-371364-2-0-1501746914-1501746917-650-1-1501746917-650-32e9147584-1505064261

 

„Земете нешто вкусно”. Тука доаѓаат празните калории. Слатките закуски, дури и во мали количини, само го возбудуваат апетитот, а не го насладуваат телото со корисни хранливи материи.

 

Правило: Намалете го консумирањето на брзи јагленохидрати и обидете се да јадете здрава храна.

 

3. Недостаток на сон

 

 

01 (2)

 

Со 7-8 часа сон, чувството на глад нема да ве разбуди во текот на ноќта. Во текот на ноќта нашето тело го произведува хормонот мелатонин, кој е одговорен не само за правилното функционирање на нашите органи, туку и за нашиот изглед.

 

Правило: Пробајте да си легнете пред полноќ за да изгледате свежо и убаво.

 

4. Однесување под стрес

 

15922460-2984810-371364-4-0-1501747949-1501747961-650-1-1501747961-650-32e9147584-1505064261

 

Сите сме поделени во две категории во однос на стресот: оние кои не можат да погледнат храна и оние кои знаат дека вкусна торта ќе помогне во било која ужасна ситуација. Ако припаѓате на втората група, оваа точка е за вас.

 

Главното правило е да се запамти дека стресот не е изговор за освојување слаткарници. Повикајте ги своите роднини/пријатели, разговарајте за пријатни работи, прошетај се во паркот, одете на тренинг, прочитајте возбудлива книга или гледајте интересно ТВ шоу. Направете нешто корисно, наместо да плачете над кофа со сладолед.

 

5. Неправилни закуски

 

01

 

Алкохолот го поттикнува апетитот. Затоа, пред забавата со пријателите, однапред погрижете се за вашето мени.

 

Правило: Изберете лесни и здрави закуски. За секој пијалок има додаток. На пример, печени лепчиња на скара со зеленчук ќе биде совршена придружба на црвеното вино.

 

6. Недостаток на протеини

 

02

 

Не заборавајте да ги вклучите протеините во вашата исхрана затоа што тие се главни виновници за чувството на елан, енергија и чувство на ситост.

 

Правило: Зеленчукот и овошјето, се разбира, се добри, но протеинот е основа на исхраната. Консумирајте грчки јогурт, пилешко месо, јајца и многу други производи кои се извор на протеини.

 

7. Консумирање погрешни масти

 

03

 

Постојат различни видови на маснотии. Брзата храна, пржените, масните оброци и храната од брашно треба да се консумираат поретко. Но, корисните масти треба да бидат во нашата неделна листа на шопинг: маслиново масло, риба, ореви, авокадо и семиња.

 

Правило: Исклучете ги транс мастите од исхраната.

 

8. Јадење помалку оброци дневно

 

05 (2)

 

Нормално е да имаме 5 оброци дневно: појадок, ручек, вечера и две лесни закуски. Не треба да ги прескокнувате.

 

Правило: Мали порции на секои, приближно, два или три часа.

 

9. Инстаграм (почекајте, што?)

 

05

 

Трендот на сликање убави оброци нè тера постојано да размислуваме за храна. „Скроламе“ низ инстаграмот или бараме што да се готви во вечерните часови – и брзо огладнуваме.

 

Правило: Минимизирајте ја дневната доза на фотографии за храна.

 

10. Јадење набрзина

 

06

 

Од детството нè учат да не јадеме брзо и да џвакаме. И како што се испоставува, тоа не е само каприц на нашите родители, туку многу важен принцип на консумација на храна. Прегладнетоста и брзото јадење не му дава на нашиот организам јасни знаци, па затоа повторно бара храна.

 

Главното правило е да се опуштите и да го практикувате внесот на храна како пријатен ритуал.

Друг трик за залажување на вашиот организам е да го џвакате секој залак малку подолго.

 

Среќно со менување на вашите навики! Сè е можно, чекор по чекор 🙂

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: