Занимливости
10 видови храна што се добри за органите на кои наликуваат

Мислите дека случајно оревот наликува на мозок или постои некаква поврзаност? Иако овие состојки се корисни за целиот организам, листата подолу е забавен потсетник за тоа што да јадете кога имате проблеми со определени органи.

 

1. Морков – око

 

01

 

Исечкајте морков на кругови и лесно ќе забележите дека овој зеленчук наликува на око – погледнете внимателно и дури ќе забележите и шема на линии кои ги имитираат зениците и ирисот.

 

Тврдењето е вистинито: јадете моркови и ќе имате здрави очи. Морковите се полни со витамини и антиоксиданти, како што е бета-каротенот кој ја намалува можноста за макуларна дегенерација, главната причина за губење на видот кај постарите лица.

 

2. Орев – мозок

 

01

 

Наборите и брчките на оревот нè потсетуваат на уште еден човечки орган: мозокот. Обликот на оревот дури и наликува на обликот на мозок, изгледа како да има лева и десна хемисфера.

 

Затоа, не е чудно што оревите се сметаат за храна што е одлична за мозокот, тие се богати со омега-3 масни киселини кои помагаат за правилното функционирање на мозокот.

 

3. Целер – коска

 

01

 

Долгите стебленца на целерот изгледаат исто како и коските – и тие исто така се добри за нив. Целерот е голем извор на силикон, дел од молекуларната структура која им дава сила на коските. Уште една интересна коинциденција: коските содржат 23% натриум, а исто така и целерот.

 

4. Авокадо – матка

 

01

 

Формата на авокадо наликува на матка и добра е за репродуктивното здравје. Авокадото е добар извор на фолна киселина што влијае врз намалувањето на ризикот за дисплазија на грлото од матката, што претставува преканцерозна состојба.

 

 5. Школки – тестиси

 

01

 

Според студиите, школките кои имаат сличност со тестисите, всушност се добри за машките полови органи. Истражувањата од Холандија сугерираат дека исхраната богата со фолна киселина и цинк, како школките, може да има значително влијание врз подобрувањето на квалитетот на спермата кај мажите.

 

6. Цитрусно овошје – гради

 

01

 

Сличноста помеѓу кружните агруми како лимоните и цитронот и градите е повеќе од чиста случајност. Цитрусното овошје содржи супстанции кои според истражувањата влијаат врз спречувањето на развојот на рак кај лабораториските животни и во човечките клетки на дојката.

 

7. Домат – срце

 

01

 

Преполовете еден домат и ќе забележите дека овој црвен зеленчук има поголем број комори кои личат на структурата на срцето. Студиите откриваат дека ликопенот во доматите го намалува ризикот од срцеви заболувања кај мажите и жените.

 

8. Црвено вино – крв

 

01

 

Црвеното вино, кое е богато со антиоксиданти и полифеноли, вклучувајќи го и моќниот ресвератрол, изгледа како крв. Кога пиете црвено вино,се заштувате од деструктивните нешта во крвта, како холестерол, што може да предизвика срцеви заболувања. Исто така, виното содржи соединенија што го намалуваат згрутчувањето на крвта кое се поврзува со мозочен удар и срцеви заболувања.

 

9. Ѓумбир – стомак

 

01

 

Ако сте се напиле чај од ѓумбир при болки во стомакот, тогаш знаете за позитивните ефекти на ѓумбирот, а тоа ја потврдува формата на ова растение што наликува на дигестивниот орган. Ѓумбирот содржи активни состојки што имаат способност да спречат гадење и повраќање.

 

10. Сладок компир – панкреас

 

01

 

Издолжениот сладок компир има голема сличност со панкреасот, а исто така помага за здрава функција на органот.

 

Слаткиот компир е богат со бета-каротен, моќен антиоксиданс кој ги штити сите ткива во организмот вклучувајќи го и панкреасот од заболувања поврзани со рак или стареење.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: