Занимливости
Домашна крема за сончање со заштитен фактор

Оваа природна крема за сонце ја навлажнува и заштитува кожата, благодарение на природниот фактор за заштита од сонце кој се наоѓа во цинк оксидот.

 

Цинк оксидот се смета за богатство во козметичкиот свет. Претставува одобрено дерматолошко сретство кое може да се најде во креми против осип за бебиња, па сè до креми за заштита од сонце. Има локална употреба, се користи за заздравување и обезбедува водоотпорност.

 

 

Цинк оксид во прав

 

 

Во комбинација со хидратантниот шеа путер и кокосовото масло, цинк оксидот е одличен за изработка на природна крема за сончање. Цинк оксидот е квалитетно сретство за заштита на кожата од сончевите зраци.

 

 

Заштитен фактор 

 

Нивоата на факторот за заштита од сончевите зраци кои ги содржат природните креми може да бидат несигурни, меѓутоа правилото е да користите 20% цинк оксид во рецептот за добри резултати. Не е страшно да додадете по потреба неколку лажички плус.

 

Рецептот што ќе го прочитате содржи околу 20 заштитен фактор, со што нуди 93 процентна заштита од сончевите зраци. Важно е да запомните дека умереното изложување на сонце игра важна и здрава улога во претворањето на сончевата светлина во витамин Д во кожата. Значи, поминувањето кратко време на сонце е корисно.

 

 

Состојки

 

05

 

Состојките може да се најдат на интернет и често се продаваат во големи количини, осигурајте се дека имате доволно за да направите безбеден и ефикасен крем за сончање за целото лето. Започнете со топење на кокосовото масло, шеа путерот и пчелиниот восок на пареа. Пелетите со пчелин восок се нашата омилена форма на пчелин восок за употреба, бидејќи се топат полесно од поголемите парчиња.

 

Пчелиниот восок помага да се направи овој вид на крем за сончање екстра водоотпорен поради својата восочна природа. Сепак, трудете се да се мачкате со кремот на секој час.

 

Откако се стопи, измешајте го цинк-оксидот и есенцијалното масло во смесата. Покријте ја устата и носот за да избегнете вдишување на цинк оксид додека го нанесувате на лицето.

 

Мерки на препазливост – не користете масла од цитрус како мандарина, лимон или бергам во кремот за сончање бидејќи тие создаваат фототоксична реакција на кожата која емитира изгореници. Истурете ја течноста во мала тегла и убаво затворете го капакот. Кремата треба да се чува на суво ладно место најмалку 2 часа за да се замрзне мешавината.

 

 

Потребни алатки:

 

Тенџере

Поголем стаклен сад

Тегла

 

Состојки:

 

  • 1/2 чаша кокосово масло
  • 1/4 чаша шеа путер
  • 2 супени лажици цинк оксид
  • 1 супена лажица пчелин восок
  • 10 капки есенцијално масло (лаванда, ванила, НЕ користете цитрусно масло)

 

 

Инструкции:

 

На пареа стопете ги кокосовото масло, шеа путерот и пчелиниот восок додека не се целосно течни. Додајте ги цинк оксидот и есенцијалното масло. Користете маска или маица за да ја покриете устата и носот. Истурете во мала тегла и чувајте го кремот на ладно место. Лосионот ќе се згуснува како што се лади.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: